12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна изградбата на мал плоштад на улица Пиринска

Започна изградбата на мал плоштад на улица Пиринска

pirinska

Започна изградбата на мал плоштад на спојот на улица “Пиринска“ со булеварот “Св. Климент Охридски“.

„На местото на несредениот паркинг, оштетен асфалт и подлога и бандери од кои висат кабли, на површина од околу 300 м2, ќе никне пјацета, хортикултурно уредена, со јавно осветлување и нова урбана опрема“, се вели во соопштението од Општина Центар.

Според планот, предвидено е да бидат поставени клупи, држачи за велосипеди и корпи за отпадоци. Просторот ќе биде поплочен со висококвалитетни плочи од гранит и травертин. Материјалите се карактеризираат со трајност, квалитет и долговечност, лесно се одржуваат и се во склад со најсовремените светски стандарди за партерно уредување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП