21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина повторно го девалвираше јуанот

Кина повторно го девалвираше јуанот

juan kina 33

Кинеската централна банка ги симна денес курсот на националната валута јуанот во однос на американскиот долар на најниското ниво во последните четири години, само една седмица откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го вклучи во својата кошница најважни светски валути.

Новиот курс од 6,4358 јуани за долар е најнискиот од 5-ти август 2011 година, покажува во петокот кинескиот систем за тргување со девизи.

Притоа, поради фиксираниот курс на инаку стабилната кинеска валута, пред декемвриската седница на американската централна банка Federal Reserve (Fed), на која се очекува зголемување на клучните каматни стапки, забележа најголем седмичен пад од август годинава, од 0,8 отсто.

Ова лето, Кина во само една седмица го девалвираше јуанот речиси 5 проценти, наведувајќи го како причина за тоа омекнувајќи го вообичаено строгиот режим на курсот на националната валута.

ММФ, пак, минатата седмица го вклучи јуанот во кошница во светските валута со тоа симболично да ја уважи амбицијата на азискиот џин да стане глобална економска сила. Меѓународниот кредитор се одлучи на тој потег и покрај стриктна контрола на курсот на јуанот од страна на Пекинг, во чии рамки властите дозволуваат јакнење односно слабеење на националната валута во однос на американскиот долар, најмногу за 2 отсто во однос на средниот официјален курс.

Поради притисоците врз јуанот по августовската девалвација, кинеските власти беа принудени да ги продаваат доларите за да ја поткрепат домашната валута. Така, кинеските девизни резерви во ноември паднаа на 3.440 милијарди долари, најниското ниво во последните речиси три години.

Аналитичарите сметаат дека јуанот оваа седмица ослабел затоа што кинеските власти ги намалиле таквите интервенции.

„Оваа седмица не сведочевме за одлучна интервенција, што инвеститорите го толкуваат како подготвеност на Кинеската народна банка да го толерира слабеењето на домашната валута“, изјави за агенцијата Bloomberg News Томи Кси од „Oversea-Chinese Banking Corp.“

Додава дека, сепак, кинеската централна банка следната седмица, откако американскиот Fed ќе ја соопшти одлуката за каматните стапки, би можела да продолжи со купувањата „имајќи ги предвид јасните изгледи за американските каматни стапки“.

Кинеските монетарни власти дополнително во петокот ја ублажија контролата на курсот, со тоа што ги зголемија бројот слободни трговски зони во коишто кинеските компании можат слободно да конвертираат до 10 милиони долари годишно во која и да е насока. Кина ги формираше тие зони како полигон за финансиските реформи, а опишаната конверзија првпат во октомври годинава беше дозволена во шангајската зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП