19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEurActiv: Бугарија и Грција потпишаа договор за изградба на гасен интерконектор

EurActiv: Бугарија и Грција потпишаа договор за изградба на гасен интерконектор

natural-gas

Софија и Атина во четвртокот потпишаа инвестициски договор за изградба на гасен интерконектор кој би требало да и помогне на Бугарија да ја намали речиси целосна зависност од рускиот гас, пренесува порталот EurActiv.

Цевката која ќе биде со должина од 180 километри ќе биде изградена од страна на бугарско-грчки конзорциум, кој ќе ја вклучува и италијанската енергетска група Edison SpA.

Изградбата на интерконекторот со почетен капацитет од три милијарди кубни метри гас годишно треба да започне во октомври 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП