22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретчуствата се овистинија- нема крај на падот на нафтата

Претчуствата се овистинија- нема крај на падот на нафтата

oil

Цената на нафтата падна на нов повеќегодишен минимум, по што Организацијата на земјите извознички на нафта(ОПЕК), соопшти дека производството на нафта на тој картел се зголемила.

Ова предизвика загриженост поради прекумерните глобални залихи, за кои се прогнозира дека ќе се задржат и во 2016 година.

Американската “лесна” нафта(WTI) за испорака во јануари поефтинила за 22 центи на 36,54 долари за барел, а сировата нафта од типот “брент” за 25 центи на 39,48 долари за барел, што се најниски од почетокот на 2009 година и периодот на глобалната финансиската криза.

ОПЕК соопшти дека вкупното производство на нивните членки во ноември пораснала за 231.100 барели дневно, на 31,7 милиони, што е на највисоко ниво во последните три ипол години, и е над целниот обем на производство на ОПЕК од 30 милиони барели.

Оваа група минатата недела одлучи да не го намалува актуелното високо производство, и покрај падот на цената на нафтата, слабата глобална побарувачка и прекумерните залихи.

“Ценатана сировата нафта повторно падна, бидејки зголеменото производство на ОПЕК е на тригодишен максимум во ноември, и ја зголеми загриженоста дека презаситеноста на глобалниот пазар ќе потрае подолг период”, изјави пазарниот стратег на компанијата ИГ маркетс од Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП