13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПразнични радости во центарот за деца од улица во Шуто Оризари

Празнични радости во центарот за деца од улица во Шуто Оризари

детска-радост-радост

Рамстор Македонија и Британската амбасада во Македонија со здружен труд за помош на децата од Центарот во Шуто Оризари, им поделија новогодишни пакетчиња.

Рамстор Македонија како општествено одговорна компанија посветува посебно внимание на општествената одговорност, по тој повод, во четвртокот, финансискиот директор на Рамстор Македонија, Бариш Борахан и Чарлс Гарет, бритaнскиот амбасадор во Македонија присуствуваа на приредба во Центарот за деца од улица во Шуто Оризари каде имаа можност да ја видат и слушнат искрената детска радост за празничниот период.

Рамсторе Македонија подари 100 новогодишни пакетчиња и 50 шалчиња и капчиња за децата од Центарот.

Ова е резултат на заложбите на Рамстор Македонија за корпоративна општествена одговорност и традицијата на амбасадата и нејзините соработници за поддршка на ранливите групи во општеството на кои им е потребна најголема помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП