25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Светската економија потклекна во 2015

ОН: Светската економија потклекна во 2015

светска-економија

Организацијата Обединети нации денес соопшти дека светската економија во 2015 година потклекна, бидејќи се проценува дека нејзиниот раст ќе изнесува само 2,4 проценти, при што најтешко погодени се земјите во развој и поранешните членки на Советскиот сојуз.

Во извештајот за економската ситуација и прогнозите, ОН наведува дека за слабите економски резултати се виновни падот на цената на нафтата од речиси 60 проценти и падот на суровините од 20 проценти во изминатите 18 месеци, пренесува агенцијата АП.

Еден од ретките позитивни статистички податоци е тој дека во 2014 година не е забележан раст на емисиите на штетни гасови за прв пат во последните 20 години, со исклучок на 2009 година, кога глобалната економија имаше негативен раст.

Во претстојните години, ОН очекува скромно закрепнување на светската економија, па за 2016 година прогнозира раст од 2,9 проценти, а за 2017 раст од 3,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП