21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на Комерцијална банка повторно во фокусот на инвеститорите....

Акциите на Комерцијална банка повторно во фокусот на инвеститорите….

mk berza

Вкупниот промет на Македонската берза на харии од вредност во четвртокот беше нешто понизок во однос на претходните денови и изнесуваше 8,4 милиони денари.

Истиот во најголема мера се должи на трансакциите со акциите на „Комерцијална ванка“ АД Скопје каде беше остварен промет од 2,6 милиони денари. Ова акција убедливо беше најбарана во вчерашниот трговски ден, при што се истргуваа 1.168 акции по просечна цена од 2.254 денари.

Според обемот на прометот, следеше акцијата на „Прилепска пиварница“ со промет од нешто над милион денари.

Од обврзниците за денационализација денес се тргуваше само со четиринасеттата емисија. Беа истргувани 5.000 обврзници по цена од 94,50 отсто од номиналната вредност.

На врвот на добитничката листа со раст на вредноста од 1,36 отсто се најдоа акциите на „Реплек“, додека на спротивната страна се најде акцијата на „Стопанска банка“ АД Битола со пад од 4,68 отсто.

Индексот МБИ-10 денес изгуби 0,12 отсто, од својата вредност и заврши на 1.767,96 индексни поени, додека ОМБ завршија со раст од околу 0,16 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП