21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерен сообраќај надвор од градските средини

Умерен сообраќај надвор од градските средини

avtopat---ooko

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места. Магла со видливост од 30 до 50 метри има на Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП