Градот Скопје ги известува граѓаните дека од петок, во следните десет дена, ќе биде затворен за сообраќајот кружниот тек на улицата Боца Иванова во Бутел.
Сообраќајот ќе биде целосно стопиран од 11.12.2015 година, во 08.30 часот наутро и сиот превоз ќе биде пренасочен во наредните 10 дена по улицата Цетинска и подвозникот на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
Автобуските линии со броевите 57, 47, 47а, 61, 71, 8 и 61, исто така ќе се пренасочат во посочениот период, по улицата Цетинска и подвозникот на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
Стопирањето и пренасочувањето на сообраќајот кај кружниот тек на улицата Боца Иванова се воведува поради изградбата на големата атмосферска канализација кон улицата Александар Урдаревски, поради што градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa времено воведениот сообраќаен режим и воедно се заблагодарува за разбирањето при реализацијата на овој голем инфраструктурен проект од големо значење за целиот реон.