19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска може да оствари посилен раст од Кина

Ирска може да оствари посилен раст од Кина

irska15kol2

Република Ирска во третиот квартал од годината остварила најсилен економски раст во споредба со останатите членки на Европската унија.

Ирскиот бруто домашен производ (БДП) порасна 1,4 отсто за три месеци заклучно со септември , по растот од 1,9 отсто забележан во претходниот квартал, соопшти во четвртокот ирскиот Завод за статистика.

Економската активност главно е поттикната од силната домашна побарувачка и растот на производството во поголем дел од економските сектори. Просечната стапка на раст во првите девет месеци изнесува 7,0 отсто, во однос на периодот јануари-септември 2014.

„Ирска оваа година би можела да забележи посилен економски раст од Кина. Податоците од третиот квартал укажуваат на тоа дека Ирска повторно е најбрзорастечка економија во еврозоната“, вели аналитичарот Ентони Барт.

Минатогодишниот економски раст на Ирска од 5,2 отсто исто така беше најсилен во Европа, а Ирска во 2013 година стана првата држава од еврозоната која излезе од програмата за меѓународна финансиска помош по долгорочното буџетско штедење и подигнување на даноците.

„Силното економско закрепнување доведе до отворање на нови работни места и пад на невработеноста, која е намалена за над шест отстотни поени во однос на кулминацијата на кризата и сега изнесува 8,9 отсто“, рече ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан.

Европската комисија прогнозираа дека ирскиот БДП оваа година ќе поросне 6,0 отсто, додека за цела ЕУ се очекува раст од 1,9 отсто, а во еврозоната 1,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП