2 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVW: Неточните податоци за емисијата на штетни гасови датираат од 2005

VW: Неточните податоци за емисијата на штетни гасови датираат од 2005

vwvwvw

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen објави во четвртокот дека неточно прикажаните податоци за емисијата на штетни гасови од неговите автомобили датира од 2005 година, порачувајќи дека актуелната состојба е тешка но дека нема да ја скрши компанијата.

Претставувајќи ги во четвртокот резултатите од интерните истраги и мерења, претседателот на надзорниот одбор на VW, Ханс Дитер Поч рече дека фалсификувањето на податоци „не е резултат на издвоена грешка туку на цела серија грешки“, чии корени се протегаат уште во 2005 година, кога VW покрена голема кампања за да ја поттикне продажбата на дизел возила во САД.

Откако американските власти во септември најави покренување на постапка против VW поради кршење на прописи за заштита на човековата околина, германската компанија призна дека во 11 милиони автомобили ширум инсталирале софтвер кој овозможува да се исклучи контролата на штетни емисии во возењето. Испуштањето на штетни гасови, вклучително и азот и јаглерод диоксид, контролирано е само на тестовите.

Уследи цела низа истраги во повеќе држави, што регулаторни, што казненоправни, а од VW одлучија да покренат и сопствени истраги и мерења, чии први резултати беа вчерашната објава дека скандалот со фалсификување на податоците за емисија на јаглерод диоксид опфаќа само 36 илјади автомобили, а не 800 илјади како што првично се мислеше.

Поч и новиот извршен директор Матиас Милер на денешната конференција за печат истакна дека е прерано со сигурност да се тврди кој стои зад измамата. Според нив, расположивите докази наведуваат на заклучок дека станува збор за дело на мала група инженери. Членовите на надзорниот или управниот одбор на компанијата не биле вмешани, тврдат Поч и Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП