21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартуваше рехабилитацијата на патните правци Бошков мост-Дебар и Мелнички мост-Центар жупа

Стартуваше рехабилитацијата на патните правци Бошков мост-Дебар и Мелнички мост-Центар жупа

zupa ee3

Министерот за Транспорт и врски Владо Мисајловски го посети најзападниот регион на Македонија, и притоа го означи почетокот на работите за рехабилитација на патните правци Бошков Мост – Дебар и Мелнички Мост – Центар Жупа, проекти чија инвестиција е 4,7 милиони евра.

Министерот Мисајловски нагласи дека оваа се значајни проекти за рехабилитацијата на овие делници, каде не се инвестирани средства повеќе декади. Тој истакна дека делницата Бошков Мост – Дебар е во должина од 8 километри колку што е и делницата Мелнички мост – Центар Жупа.

Министерот додаде дека пред извесно време беа инвестирани 1,2 милиони за регионалниот пат кај Маврово.

Градоначалниците на Дебар Ружди Лата, Маврово – Ростуше – Мукрем Мехмеди и на Центар Жупа Арјан Ибраим нагласија дека рехабилитацијата на наведените патни правци на кои не е инвестирано повеќе од четири декади значи многу за развојот на трите општини и целиот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП