10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата исплати 10,8 млн. денари отштета од поплавите на 146 лица во...

Владата исплати 10,8 млн. денари отштета од поплавите на 146 лица во Струмица

poplavi

Министерството за финансии во четвртокот соопшти дека изврши исплата на 10.863.112 денари (над 175 илјади евра) на вкупно 146 лица како отштета од поплавите во Струмица.

Заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 314.512.163 денари на 2.861 лице отштетенo од поплавите кои се случија годинава.

Отштета е исплатена на граѓаните од Струмица, Могила, Новаци, Битола, Прилеп, Демир Хисар, Велес, Пробиштип, Штип, Охрид, Чешиново, Облешево, Градско, Радовиш, Карбинци и Македонска Каменица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП