21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на невработеноста во Австралија

Пад на невработеноста во Австралија

Australia_2822032b

Стапката на невработеност во Австралија во ноември се намали втор месец по ред, што укажува на подобрување на состојбата во домашната економија.

И покрај растот на загриженоста во поглед на забавувањето на нејзиниот најголем трговски партнер Кина.

Според десезонираните податоци, стапката на невработеност во Австралија во ноември падна на 5,8 проценти од 5,9 проценти во октомври и 6,2 проценти во септември, се наведува во соопштението на австралиското биро за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Во ноември во стопанството се отворени околу 71,400 нови работни места, односно околу 41,600 со полно работно време и околу 29,700 со скратено, наведува француската агенција.

Најновата стапка на невработеност од 5,8 проценти, која е најниска од април 2014 година, го изненади пазарот, поради што австралискиот долар скокна за речиси еден американски цент, на 73,32 американски центи.

Економистите, како што наведува Франс прес, очекуваа влошување на податоците за невработеноста и скокот на стапката на 6,0 проценти во однос на месец октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП