18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската централна банка ја задржа негативната каматна стапка

Швајцарската централна банка ја задржа негативната каматна стапка

shvajcarskabanka1

Швајцарската народна банка (SNB) ги задржа во четвртокот негативните клучни каматни стапки и повтори дека швајцарскиот франк и натаму е значително преценет.

Каматната стапка на депозити по видување кај централната банка задржана е на минус 0,75 отсто, а целниот распон за тромесечниот либор е помеѓу минус 1,25 и минус 0,25 отсто.

Иако во изминатите месеци малку ослабна, швајцарскиот франк се уште е значително преценет, констатираа во SNB.

Додаваат дека и натаму ќе бидат активни на девизниот пазар за да влијаат по потреба на состојбата со курсот.

Негативната каматна стапка и подготвеноста на централната банка да интервенира на девизниот пазар има за цел да го ублажи притисок врз франкот. Монетарната политика на тој начин помага да се стабилизираат цените и да се поттикне економската активност, потсетуваат од SNB.

За тековната година во SNB прогнозираат инфлација од минус 1,1 отсто, во следната година инфлацијата би требало да порасне на минус 0,5 отсто, а во 2017 година да премине во позитивна територија и да изнесува 0,3 отсто. Со тоа централната банка ја снижи септемвриската проценка за 0,1 отсто.

Од централната банка воедно прогнозираат дека економијата оваа година еден отсто, а во следната растот ќе изнесува околу 1,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП