26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЗОМ ја зголеми капитацијата за матичните стоматолози

ФЗОМ ја зголеми капитацијата за матичните стоматолози

fzom-fzom

Фондот за здравство(ФЗОМ) одлучи да го зголеми капитациониот бод за стоматолозите од 35 на 40 денари, односно зголемување за 14%.

„Средствата се обезбедени од буџетот на Фондот за 2016 година, почнувајќи од 1.1.2016, а фискалната импликација во делот на зголемување на капитацијата за стоматолози ќе биде 75,3 милиони денари годишно“, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Со зголемувањето од 2016 година за 75,3 милиони денари, Фондот ќе исплаќа 599,3 милиони денари годишно за матичните стоматолози.

„Како втор сегмент со кој ги подобруваме состојбите во стоматологијата и кој влијае на подобрување на условите во кои работат матичните стоматолози е изготвувањето на новите анекси на договорите за 2016 година. Новите анекси на договорите се во насока на поддршка на владината политика за релаксирање на казнената политика и за намалување на договорните казни. Истовремено, Фондот овие измени ги направи со цел максимално да се олесни секојдневното работење на матичните стоматолози“, се вели во соопштението од Фондот.

Третиот сегмент се однесува на зголемување на платите на специјалистите стоматолози кои работат во Стоматолошкиот клинички центар, за околу 20% со што се изедначуваат со нивните колеги специјалисти од останатите клиники.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП