ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Турција забележа неочекувано силен раст во третиот квартал

Економијата на Турција забележа неочекувано силен раст во третиот квартал

turkey eco99

Турската економија забележа раст над очекуваниот во третиот квартал поради растот во јавните расходи и домашната потрошувачка, соопшти „Bloomberg“.

БДП-то порасна за 4% на годишна основа во периодот јули-септември, соопшти државната агенција за статистика. Во предметниот квартал растот беше 3,8%.

Просечната оценка на 15-те аналитичари анкетирани од „Bloomberg“, беше за раст од 2,7% во третиот квартал.

По сезонското пресметување на податоците растот е 1,3 спрема претходниот период.

Барањето од страна на домаќинствата, што генерира околу две третини од БДП-то во Турција, порасна за 3,4%, а јавната потрошувачка предвиде зголемување од 7,8%. Во периодот април – јуни овие вредности беа соодветно 5,5% и 7,2%.

По објавувањето на податоците турската лира се тргуваше со пораст од 0,1 проценти, а еден долар се разменува за 2,9127 лири.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП