22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на сопственикот на Zara зголемен за 20 проценти

Профитот на сопственикот на Zara зголемен за 20 проценти

zara1

Нето профитот на шпанската модна куќа Inditex, сопственик на брендот „Zara“ е зголемен за 20 проценти во првите девет месеци од оваа година, бидејќи инвестициите и експанзијата започнале да даваат резултати.

Во периодот од февруари до октомври тековната година, нето профитот на компанијата пораснал за две милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Напорите за проширување на работењето, како што наведува Франс прес, ги загрозија минатогодишните резултати, но профитот оваа година е зголемен благодарение на скокот на продажбата од 16,6 проценти, на 14,7 милијарди евра.

„Inditex“ оваа година продолжи со експанзијата, отворајќи 230 продавници и 13,079 работни места во првите девет месеци од фискалната 2015 година. Компанијата, исто така, го зголемила присуството на интернет, па така сега поседува онлајн продавници во 28 земји од светот.

„Inditex“ имаше корист и од благото закрепнување на економијата на својата татковина, Шпанија, каде оваа година отвори речиси 3,300 работни места, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП