3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи и натаму слабеат, еврото над 1,10 долари

Азиските берзи и натаму слабеат, еврото над 1,10 долари

aziski-berzi

На азиските берзи денес цените на акциите продолжија да паѓаат трет ден по ред, бидејќи вложувачите ги загрижуваат ниските цени на нафтата и забавувањето на растот на глобалната економија, додека курсот на еврото се движи над 1,10 долари.

На токиската берза Nikkei индексот во претпладневното тргување во четвртокот беше во минус од повеќе од 1 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Сингапур и Австралија се лизнаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто. Берзанските индекси во Јужна Кореја и Шангај, пак, зајакнаа за благи 0,2 проценти, па така MSCI индексот на азиско-пацифичките берзи без јапонските, беше во минус од 0,3 отсто, паѓајќи на новото најниско ниво во последните три седмици.

Азиските вложувачи се загрижени од падот на цените на акциите во средата на Волстрит, трет ден по ред, што е последица на ниските цени на нафатат и загриженоста на инвеститорите поради забавувањето на растот на светската економија, во прв ред кинеската.

Во четвртокот во утринското тргување, пак, цените на лондонскиот нафтен пазар благо пораснаа, на 40,45 долари за барел, но тоа е во близина на 39,57 долари, најниското ниво во последните седум години на коишто нафтата се симна во средата.

„Ниските цени на нафтата се сметаат за барометар на идните економски активности, а вложувачите се нервозни и поради тоа што следната седмица се очекува зголемување на каматите во САД“, вели Ангус Гласке, директор во компанијата „White Funds Management“.

На седницата на американската централна банка Federal Reserve (Fed) следната седмица, се очекува првото зголемување на каматите од 2006 година досега. Иако американската економија стабилно расте и иако Fed веќе подолго време го најавува ваквиот потег, вложувачите, сепак, покажуваат нервоза.

„Цените на сировините се под притисок, а Fed се подготвува на зголемување на каматите. Инвеститорите стравуваат дека каматите ќе бидат зголемени во најлошиот можен период“, смета Роберт Фипс, директор во компанијата „Per Stirling Capital Management“.

А на валутните пазари еврото и натаму јакне, продолжувајќи го подемот од минатиот четврток кога Европската централна бана (ECB) ка олабави својата монетарна политика помалку агресивно отколку што се очекуваше. До средата се шпекулираше дека ECB наскоро бои можела дополнително да ја олабави монетарната политика, но таа надеж спласна откако функционерот на банката Евалд Новотни порача дека пазарите очекуваа премногу од централната банка.

Поради тоа курсот на еврото во текот на ноќта кон четвртокот достигна 1,1044 долари, највисоко ниво во последниот месец дена, додека во четвртокот утрото благо падна на 1,1010 долари. Кон половината на минатата седмица еврото се движеше под 1,0600 долари, бидејќи инвеститорите очекуваа поагресивно поттикнување од ECB.

Американската валута ослабе и во однос на јапонската, па цената на доларот се лизна од вчерашните 122,75 на 121,60 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП