2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна расчистувањето на теренот за изградба на првото основно училиште во Капиштец

Започна расчистувањето на теренот за изградба на првото основно училиште во Капиштец

skolo-kapistec

Општина Центар започна со расчистувањето на теренот каде што ќе почне изградбата на првото основно училиште во населбата “Капиштец“.

„Сите објекти, освен Дневниот центар за лица со церебрална парализа, ќе бидат отстранети за да се подготви местото за почетокот на изградбата на најубавото, модерно основно училиште. За Дневниот центар, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, се бара соодветна локација на која ќе биде адаптиран простор за потребите на 40-тина деца“, се вели во соопштението од локалната власт.

Таканаречената “Школа-парк“ ќе се простира на 10.600 м2, со планирана површина за градба на објектот од 3.142 м2. Училиштето ќе ги задоволи сите стандарди за современо образование, а ова, како приоритет го посочуваат и жителите на Центар на средбите со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, како и на сесиите за буџетот за 2016-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП