29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција со план за привлекување на руските туристи

Грција со план за привлекување на руските туристи

russian-tourists

„Грчкиот туристички сектор планира да привлече најмалку уште два милиони туристи во 2016-та година, со што ќе се генерираат дополнителни приходи од 2 милијарди евра“, изјави претседателот на грчката асоцијација на патнички и туристички агенции Лисандрос Цикидис.

Грчката Влада договори да се олесни процесот за молби за виза и да се зголеми бројот на издадени визи за руските туристи.

Египет и Турција беа најпосетените дестинации од руските туристи во 2014-та година. Вкупно 7 милиони руски туристи ги посетија двете земји. Турција има заработено околу 3 милијарди долари минатата година од над 4.5 милиони руски посетители.

Бројот на руските туристи минатата година е речиси двојно поголем во споредба со 2009-та година. Сепак пакетот за одмор во Грција чини три пати повеќе од истиот во Египет или Турција, откако рубљата загуби 40% од својата вредност во однос на еврото. Тоа е резултат од западните санкции наметнати на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП