12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодините на рецесија поминаа, Кипар зајакнува

Годините на рецесија поминаа, Кипар зајакнува

kipar1

Бруто домашниот производ на Кипар расте трет последователен квартал, со што оваа членка на еврозоната дополнително се одалечи од рецесијата, покажаа официјалните податоци.

Според десезонираните податоци, БДП на Кипар во третиот квартал, на квартално ниво, пораснал за 0,4 проценти, што е благо под прелиминарните проценки за растот на БДП од 0,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

На годишно ниво, БДП порасна за 2,2 проценти во третиот квартал, што е непроменето во однос на претходната проценка.

Најновите податоци укажаа на раст на активностите во секторот за преработувачка индустрија, градежништвото, трговијата, хотелите и рестораните, транспортот и финансиските услуги, но сепак, регистриран е пад во социјалните и културните активности.

Овој медитерански остров претрпе повеќе од три години рецесија, а владата во Никозија во март 2013 година воведе строги мерки за штедење во замена за добивање на кредити од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за спречување на колапсот на банките.

Целта на кипарската влада е на почетокот на наредната година да излезе од меѓународната програма за помош, бидејќи во оваа година оствари позитивен економски раст, кој според оценките на кипарскиот министер за финансии Харис Јоргијадис, би требало да достигне, а можеби и да надмине 1,5 проценти, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП