Инфлацијата во Бразил во ноември достигна највисоко ниво во последните 12 години, давајќи нов доказ за слабоста на седмата по големина светска економија.
Инфлацијата минатиот месец забрзала на 10,48 проценти на годишно ниво, односно за 1,01 проценти на месечно, соопшти бразилскиот Завод за статистика, а пренесува агенцијата Франс прес.
Претходниот рекорд е забележан во ноември 2003 година, кога стапката на инфлација изнесувала 11,02 проценти.
Втор месец по ред поскапувањето на горивото потикна општ раст на цените. Цените на горивото во ноември скокнале за 5,14 проценти, при што цената на бензинот порасна за 3,21 проценти во ноември, за 8,2 проценти во октомври и септември. Етанолот, чија употреба како гориво е широко распространета во Бразил, поскапе 9,31 проценти во ноември, а 26 проценти од почетокот на годината.
Цените на храната пораснале за 2,46 проценти на ниво на земјата, а во некои области и значително повеќе, вклучувајќи го и градот Гојан на североисток од земјата, каде цените пораснале за 4,37 проценти.
Бразил поминува низ турбулентен економски период со длабока рецесија, висока невработеност и драматичен пад на довербата на инвеститорите.