8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTime ја прогласи Меркел за личност на годината

Time ја прогласи Меркел за личност на годината

20100111_400

Американското списание Time ја прогласи германската канцеларка Меркел за „Личност на годината за 2015“, истакнувајќи ја нејзината упорност и лидерство во решавање на проблемите со европските долгови и бегалската криза.

И покрај кризата во регионот која доведе до тоа „да се запрашаме дали Европа би можела да постои“, Меркел се појави како незаменлив играч, наведе уредничката на Time, Ненси Гибс.

Во образложението се наведува дека Меркел од својата земја барала повеќе од што повеќето политичари би се осмелиле, останувајќи цврста против тиранијата и ефикасна во пружањето на морално лидерство во светот.

Меркел оваа година прослави 10 години на местото канцелар на Германија, што ја прави лидер со најдолг мандат во Европската унија.

Time исто така укажа на нејзино лидерство во оваа година во одговорот на кризата во Украина, како и на приемот на бегалците во Германија.

Во најтесниот круг на Time за избор на „Личност на годината за 2015“, се најдоа седум кандидати.

На листата покрај Меркел беа и американскиот милијардер Доналд Трамп, лидерот на Исламската држава   Абу Бакр Ал-Багдади, претседателот на Иран Хасан Рохани, рускиот претседател Владимир Путин, ѕвездата на ријалити програмата Кејтлин Џенер, извршниот директор на компанијата „Убер” Травис Каланик и активистите на движењето „Црните животи се важни”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП