17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо пари од ИПА ќе се реконструира канализационата мрежа во Берово

Со пари од ИПА ќе се реконструира канализационата мрежа во Берово

mreza-berovo

Договорот за спроведување на ИПА проектот “Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Берово” потпишан е во средата во просториите на министерството за животна средина и просторно планирање.

Вкупната вредност на инфраструктурниот проект изнесува 5 милиона евра, со кој ќе се изврши рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Берово во должина од 33 километри и изградба на колекторски систем од Пехчево до Берово и поврзување на Пехчево со пречистителната станица на отпадни води во Берово.

Проектот проект ќе го спроведува Министерството, во соработка со општините Берово и Пехчево. Финансиите се обезбедени преку  Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА), а проектот е кофинансиран од Буџетот на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП