19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОхрабрувачките јапонски податоци и намалените американски резерви ќе ја поттикнат цената на...

Охрабрувачките јапонски податоци и намалените американски резерви ќе ја поттикнат цената на нафтата

nafta33

Цената на нафтата порасна во средата на светските берзи темелена на добрите економски показатели од Јапонија и ниските резерви на сирова во САД, иако многу инвеститори очекуваат продолжување на надолната линија на цените со оглед на порастот на курсот на долар и значителната прекумерна понуда.

На лондонската берза цената на барелот порасна 51 цент во однос на претходното затворање и изнесуваше 40.77 долари. На американската берза со барелот се тргува по 59 центи повисока цена, од 38,10 долари.

Американскиот институт за нафта (API) извести вчера дека комерцијалните резерви на нафта се смалија во минатата недела за дури 1,9 милиони барели додека аналитичарите очекуваа поскромен раст. Овој податок ги поттикна нафтените пазари кои сега вниманието го насочуваат кон официјалните податоци на владата во Вашингтон.

Дополнително берзите ги поттикна скокот на основните нарачки на јапонската индустрија во октомври како и реформите насочени кон поттикнување на увозот во Кина, кој ги подобрува изгледите на азиската побарувачка.

Инвеститорите се внимателни со оглед на јакнењето на доларот, намалување на побарувачката, огромните резерви и очекувањето за кревањето на клучните каматни стапки во САД, што говори во прилог за продолжување на надолната линија на цените.

„Имаше некои податоци кои може да сметаат за попозитивни, но OPEC нема да го поттикне пазарот и мислам дека се големи шанците цената на нафтата да падне под најниското ниво забележано во 2008 година“, вели Бјорн Шилдроп од норвешки SEB.

Во декември 2008 година цената на лондонската берза падна близу 38 долари по барел, а во вторникот во Лондон цената го допре најниското ниво од февруари 2009 година.

Силен притисок на цените генерираше минатонеделниот состанок на OPEC на кој државите членки не успеаа да договорат намалување на производните квоти и покрај силниот пад на цената и се поизразените проблеми од прекумерната понуда.

„Цената на лондонската берза тешко ќе порасне од актуелното ниво со обѕир на големиот вишок на комерцијални резерви на глобално ниво“, објави PIRA Energy, додавајќи дека според нивната проценка во првиот квартал од следната година би требало во целост да биде пополнети копнените капацитети за складирање на сирова нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП