2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе изгубат 6.400 лекари, поради тоа итно бараат нови!

Ќе изгубат 6.400 лекари, поради тоа итно бараат нови!

lekari 3300

Лекарската комора на Австрија предупредува на дефицитот на лекари во болниците и се предвидува дека ситуацијата ќе се влоши уште повеќе, доколку нешто не се превземе во оваа насока.

Харалд Мајер, шеф на организацијата, во која членуваат вработените лекари, укажа на старосната структура на лекарите во болниците, што покажува дека 25 проценти од нив во следните десет години ќе се пензионираат, а тоа е „губење“ на 6.400 медицински лица.

Лекарската комора ги претстави податоците според кои во моментов има слободни 300 работни места за лекари. Исто така се покажа, дека младите лекарите не сакаат да го поминат нивниот работен век во болниците, туку се во потрага по пократки и пофлексибилни часови.

За многу млади доктори условите за работа не се доволно привлечни и дека нема флексибилни модели на работното време, затоа што е многу тешко да се вклопи кариерата на работа во болниците и семејството и децата.

Податоците покажуваат дека од 2003-та година од Австрија во странство си заминале вкупно 7.000 лекари.

Статистичките податоци покажуваат дека 1.500 луѓе годишно се запишуваат да студираат медицина, а само 1.300 ги завршуваат студиите, додека само 900 остануваат во Австрија.

Мајер побара намалување на бирократијата во рамките на лекарската работа, бидејќи лекарите во болниците трошат 40 отсто од своето време за администрација и документација.

Воспоставувањето на максимални работни часови за лекарите од 48 часа неделно, беше прифатено од страна на Лекарската комора, додавајќи дека тоа е важен чекор за растеретување на медицинарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП