18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИЈЗ: Мерките против аерозагадувањето треба да се насочени кон изворите

ИЈЗ: Мерките против аерозагадувањето треба да се насочени кон изворите

plostad zagadenost

Миење улици со хемикалии за да се намали аерозагадувањето е парцијална мерка, која е насочена кон последиците, а не кон изворот на загадувањето. Се додека така се решава овој проблем, секоја година ќе ни се повторува загаденоста, предупреди проф.д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија.

Аерозагадувањето не влијае само на респираторниот и на кардиоваскуларниот систем, туку и на сите органи во организмот, а не постои орган кој не е загрозен од овие токсични честички. Во Македонија поради последиците од аерозагадувањето годишно умираат 1.050 до 1.060 луѓе. Околу 30 до 40 отсто има зголемување на заболувањата пред се на белодробниот и на кардиоваскуларниот систем во текот на овој зимски период, прецизираше Ѓорѓев.

Болниците се преполни, а допрва ќе бидат уште пополни, затоа што таквото зголемување ги оптоварува сите сегменти на здравствениот систем почнувајќи од амбулантните возила, амбулантните установи, болниците и нивните служби за итна медицинска помош.

„Најновата бројка денеска од мониторинг системот е дека и минатите пет дена имавме континуитет на концентрации над дозволените највисоки во Тетово до 350 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, Скопје до 260 микрограми, Битола до 150 микрограми“, рече Ѓорѓев.

Оваа состојба ја нарече психотична бидејќи ова е еден тип на еко психоза познат кога има голем токсичен период, а нема излез бидејќи воздухот не можеме да го смениме.

„Десетина дена сме во период кога најголем дел од 17 мерни станици во државата покажуваат концентрации на честички од 10 микрони, па и од 2,5 микрони, далеку над дозволеното ниво. Има миење улици со хемикалии-тоа е парцијална мерка која е насочена кон последицата, а не кон причината. Мерките мора да се насочат кон изворите и додека примарно не ги насочиме кон изворите ова ќе се повторува секоја година“, рече Ѓорѓев.

Тој рече дека идната недела на состанокот на интерсекторската група ќе расправаат и за алармни нивоа не како што е сега просекот пет дена да биде над 50 микрограми континуирано, туку и на два дена кога ќе се зголемат концентрациите на 152 и 200 микрограми на метар кубен, кои кажуваат дека состојбата е алармантна.

Како причините за аерозагадување според ИЈЗ се нерационалното користење на возилата, староста и бројот на возилата, несоодветни типови горива за греење, непроверени инсталации во тие системи за греење…

Некои од препораките кои се прават во некои од европските земји се затворање јавни објекти, пред се училишта и детски градинки за што ќе расправаат идната недела кога ќе се осврнат на новите алармни нивоа.

„Мерките покрај тоа што се индивидуални се препорачува на отворен простор што помалку да се престојува, физичка активност да се прекине во вакви услови, активност на надворешен простор да се ограничи. Има и препораки да се носат маски во индустрии каде е загрозен белодробниот систем. Во последните пет шест години 60.000 нови возила се дојдени во Македонија и има околу 400.000 возила од кои огромен број се со категорија на пречистување која во ниту една европска земја не би биле примени“, рече Ѓорѓев.

Според него, пушењето и издувните гасови од системите за греење се два главни загадувачи на внатрешниот воздух.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП