28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрани победниците на натпреварот за најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015...

Избрани победниците на натпреварот за најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година

ucenici

ОУ „Владо Кантарџиев“ од општина Гевгелија и Средното училиште на град Скопје „Владо Тасевски“ го освоија првото место во изборот за најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година.

На јавниот повик објавен од Министерството за образование и наука, имаа можност да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. За „Најбезбедно и најчисто училиште“, годинава конкурираа 18 основни и шест средни училишта.

Од основните, првото место му припадна на ОУ „Владо Кантарџиев“ од општина Гевгелија, второто место го заслужи ОУ „Климент Охридски“ од село Драчево, општина Кисела Вода, а на трето место се најде Основното општинско училиште „Свети Климент Охридски“ од Македонски Брод. За најбезбедни и најчисти средни училишта, избрани се:  Средното училиште на град Скопје „Владо Тасевски“,  кое го освои првото место, додека второто место му припадна на Средното училиште на град Скопје „Никола Карев“.

На прогласувањето на победниците присуствуваше министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, кој истакна дека Министерството за образование и наука и мисијата на ОБСЕ во Република Македонија натпреварот за „Најбезбедно и најчисто училиште“ го реализираат по втор пат, со цел да се зголеми безбедноста и хигиената во училиштата

„Наша задача е во училиштата да овозможиме безбедна средина која ќе го почитува и поддржува достоинството  и развојот на децата. Ваквиот пристап го зголемува учеството во образованието бидејќи ги промовира инклузијата, разноликоста, еднаквите можности и недискриминацијата. Со тоа се обезбедува безбедна средина погодна за учење, креативно размислување, дружење, растење и развој, како и средина во која сите заедно ќе уживаат во придобивките на образовниот процес. Безбедноста на децата во училиштата е основен предуслов за обезбедување на чувство на припадност во општеството, како и за создавање на атмосфера на доверба и соработка“, рече Адеми.

Министерот потенцираше дека заедно со наставниците, родителите во континуитет се работи на подигнување на свеста на учениците кога станува збор за одржување на хигиената во нивните училници, во училишните дворови и училишните спортски сали. Училиштата мора да безбедни и хигиената во нив да биде на највисоко ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП