25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриен идентитетот на идејниот творец на биткоинот?

Откриен идентитетот на идејниот творец на биткоинот?

bitcoins_1020_large

Австралискиот претприемач чиешто седиште е во Сиднеј, Крег Стивен Рајт, според специјализираните интернет ресурси, би можел да биде идејниот творец на биткоинот, виртуелната валута со еретичка репутација.

Медиумите веќе неколку години го прогонуваат таинствениот, или сепак повеќето од нив, информатичари, кој под псевдонимот Сатоши Накамото во 2009 година го осмисли софтверот кој е заслужен за постоењето на биткоинот.

Цитирајќи доверливи документи, американскиот магазин Wired и блогот Gizmodo, во средата пишуваат дека Крег Стивен Рајт би можел да биде идејниот творец на биткоинот.

„Сé укажува на Крег Стивен Рајт, човекот кој никогаш не се наоѓал на листата осомничени лица кои ги бара Накамото. И покрај купот индиции, сé уште не можеме со сигурност да кажеме дека мистеријата е откриена. Постојат само две можности: или Рајт го пронашол биткоинот или е брилијантен лажго, кој безнадежно сака во тоа да се поверува“, пишува магазинот.

Блогот Gizmodo, пак, тврди дека Австралиецот Рајт и американскиот информатичар Дејв Клејмен, кој починал во 2013 година, заедно се вмешани во создавањето на биткоинот.

Ресурсот своите тврдења ги поткрепува со доверливите документи и пиратскиот увид во неговата електронска пошта, во којашто Рајт наводно неколкупати навел дека тој е Накамото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП