18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНема Apple засекогаш да владее со светот

Нема Apple засекогаш да владее со светот

Знаете што е ова?

pdp8

Тоа е еден од првите масовно произведени мини-компјутери – PDP 8.

PDP-8 е направен од Digital Equipment Corporation во 1965 година, и чинел 18.000 долари.

Тој беше многу помалку моќен и многу потежок за користење од евтините смартфони денес.

PDP-8 и сличните машини, го направија Digital Equipment Corporation лидер во мини-компјутерската револуција. Мини-компјутерите направија огромни подобрувања во однос цена перформанси и користење, па и тие брзо го преземаа корпоративниот компјутерски свет. Digital Equipment Corporation, во меѓувреме, стана една од најдоминантните светски технолошки компании.

За две децении, акциите на компанијата “полетаа”. Ништо не може да ја сопре Digital Equipment Corporation.

Кога се појави персоналниот компјутер, основачот на Digital Equipment Corporation славно го исмејувал.

Кен Олсен изјавил тогаш, “Никогаш нема никој да сака компјутер во својот дом.”

Знаете што се случи следно.

Неколку децении подоцна, во доцните 1990-ти, Compaq го купи она што беше останало од DEC. Потоа Compaq се распадна и беше купена од страна на HP. Некои остатоци од DEC се уште постојат во рамките на HP, која и самата е во фаза на колапс. Микрософт, компанијата која јаваше на бранот кој ги замени мини-компјутерите, сега ако не е во колапс, се бори за живот на тоа поле.

Овој PDP-8 погоре, пак, сега е во Научниот музеј во Лондон.

Поуката од оваа приказна?

Технологијата се менува брзо. Денешните шампион се често она што бил Digital Equipment Corporation. Компаниите кои водат еден бран ретко продолжуваат да го водат и следниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП