21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастарот доби најсовремен хардвер – предметите на граѓаните ќе се решаваат побрзо

Катастарот доби најсовремен хардвер – предметите на граѓаните ќе се решаваат побрзо

katastarot5555

Агенцијата за катастар на недвижности изврши надоградба на својот електронски систем со нова хардверска инфраструктура со што денес капацитетот на системот е значително зголемен.

Зголемената потреба од користењето на електронските сервиси и зголемениот број на корисници на електронските услуги на катастарот ја наметнаа потребата за зголемување на капацитетите на хардверската инфраструктра се со цел да се одржи високо ниво на услугите и максимална безбедност на податоците и сервисите.

За таа цел Агенцијата во рамки на проектот Катастар на недвижности и регистрација финансиран од Светска банка изврши надградба на сопствената хардверска инфрастуктура и воспостави таканаречена Cloud платформа за работа на сите електронски системи како за граѓаните, така и за професионалните корисници и вработените. Оваа нова Cloud платформа користи најсворемена технологија за виртуелизација како и доволен капацитет за складирање на сите геопросторни податоци со кои располага Агенцијата за кататстар на недвижности. Платформата е целосно редундантна и обезбедува максимална заштита на податоците на оддалечена локација на растојание поголемо од 100км од примарниот дата центар.

Со цел да се осигура непречено и редундантно функционирање на сервисите на Катастарот, опремата е виртуелизирана. Четири сервери со голем капацитет и најнови Xeon процесори кои што секој од нив има по најмалку 512 GB RAM меморија. Истите се виртуелизирани со помош на VMware хипервизор, со што се овозможува голема флексибилност за распределба на расположливиот капацитет за сите системи кои се инсталирани на овие сервери.

Зголемената потреба од голема количина на податоци (big data) побарува да се користат најсовремени Storage решенија, кои не само што ќе гарантираат редундантност и сигурност, туку и ќе имаат доволен капацитет за проширување со податоци,  најмалку во наредните 5 години. Ова го овозможува сториџ системот кој има моментален капацитет до 220 ТБ, а истиот може да се големува доколку се јави потреба за тоа.

Инсталирани се Firewall со големи капацитети со инсталирани напредни сензори за заштита, способни за пропуштање на сообраќај кој е потребен за нормално функционирање, а во исто време штити од напади од несакани надворешни хостови.

Базните сервери и геосерверите се поставени со исти перформанси како и виртуелизираните сервери, при што со оглед на тоа дека се редундантни се обезбедува брз достап, кој е значително подобрен во однос на претходниот систем,  до сите побарувања на графички или алфанумерички податоци.

Целата инфраструктура се бекапира со помош на најсовемен бекап систем, кој ги чува овие податоци освен на Storage системот и на Tape траки и гарантира дека ниеден податок нема да се изгуби. Круцијално е овие податоци да бидат заштитени, па освен на локација во примарниот дата центар во Скопје, се чуваат и на локација оддалечена над 100км од Скопје. На оддалечената бекап локација се врши редовна синхрионизација на податоците и во случај на голема катастрофа на примарната локација, истите нема да бидат изгубени и целиот систем може да биде повторно во функција во најкраток можен период.

Тестирањата на платформата покажаа зголемување на перформансите на системите како и на сервисите. Брзините и времето на одзив на системите е двојно золемено што ќе се одрази на брзината на издавање податоци, како и на скратување на времето потребно за решавање на предметите.

Со воведувањето на новата платформа се зголемува брзината за решавање на предметите, се зголемува капацитетот на електронските сервиси, се зголемува брзината на пристап преку електронскиот шалтер од страна на професионалните корисници. Платформата е димензионирана така да ги задоволи потребите на Агенцијата за катастар на недвижности за наредните 5 години, како за Постоечките системи така и за системите кои се во програмата на Владата на Република Македонија а катастарот треба да ги имплементира.

Така предвиден е простор за Регистарот за градежно земјиште кој очекуваме комплетно да биде имплементиран до март 2016 година, системот за масовна процена кој очекуваме да биде завршен до крајот на 2017 година, Адресниот регистар кој треба да биде реализиран првиот квартал на 2018 година, потоа 3Д катастарот и сите други системи кои се планира да се воспостават во наредниот период.

Со оваа надградба катастарот доби хардвер кој е последен збор на технологијата, брз, безбеден и пред се економичен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП