17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРодител и дете заедно се запишале на факултет

Родител и дете заедно се запишале на факултет

23052012124517_20110329ukim (1)

Родител и дете заедно се запишале на факултет годинава, родителот преку програмата 30/35, а детето во редовната програма за високо образование, појасни заменик министерот за образование Спиро Ристовски.

Со проектот 30/35 годинава на факултет се запишале 256 лица, а за 6 години, откако преку овој проект на сите кои од некакви причини не се запишале на факултет тоа им беше овозможено, повеќе од 1.800.

Со проектот 30/35 им се овозможува на сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени и 35 години за мажи, со претходно завршено четиригодишно средно образование и заснован работен однос на неопределено време, или пак невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку пет години, им се овозможува да се запишат на студиска програма во прв циклус на студии, со годишно кофинансирање на студиите од 200 евра во денарска противвредност.

„На годинешниот конкурс, односно конкурсот наменет за академската 2015/2016 година, кој понуди вкупно 44 студиски програми на 16 факултети во состав на државните универзитети, се пријавија и запишаа на прв циклус студии, вкупно 256 македонски граѓани кои ги исполнија потребните услови“, појасни Ристовски.

„Ме радува што годинава имаме случај каде родителот и неговото дете во исто време се запишуваат на високо образованите установи. Родителот преку овој проект, а детето преку редовниот конкурс за упис во јавните високо образовни институции“, рече Ристовски.

Имало интерес за запишување на сите струки, но особено кон студиските програми во рамки на техничките, природно-математичките и медицинските науки.

„На овој начин, од една страна ќе си помогнат на самите себе си, без разлика дали во делот за што поскоро вработување, или пак ако се веќе вработени да бидат унапредени на повисока  работна позиција, или од друга страна дефакто ќе помогнат и во севкупните напори за општествено-економски просперитет на државата“, рече Ристовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП