9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕколошкото друштво „Вила Зора“ добитник на Наградата за човекови права

Еколошкото друштво „Вила Зора“ добитник на Наградата за човекови права

veles 435

Наградата за човекови права на Амбасадата на Франција за 2015 се доделува на Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес, кое спроведува од 1999 година, активности за вклучување на граѓаните и нивно запознавање со последиците по здравјето од загаденоста на почвата во Велес, соопштуваат од Амбасадата на Франција.

„Вила Зора“ врши обуки, предавања во училиштата и разговори со соодветни експерти од областа на здравјето и екологијата на конкретни теми во врска со заштитата на животната средина. „Вила Зора“ исто така работи на промовирање на одржливиот развој, со цел да се подобри квалитетот на условите за живот.

Наградата ќе биде официјално врачена во четврток, 10 декември, на нејзиниот претседател, Ненад Коциќ, на 10 декември 2015 година, на денот на годишнината од Универзалната декларација за правата на човекот и граѓанинот усвоена од земјите-членки на Обединетите Нации во Париз на 10 декември 1948 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП