21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу невработени во регионот има БиХ

Најмногу невработени во регионот има БиХ

nezaposleni-nevraboteni

Босна и Херцеговина со 31,7 проценти има најмногу, а Словенија со 8,6 проценти најмал процент на невработени лица на просторите на поранешна Југославија, покажуваат анализите.

Според големината на процент на невработени, веднаш зад БиХ, се наоѓа Македонија со 26,8 проценти, а потоа следи Црна Гора каде според последните статистички податоци невработеноста изнесува 17,7 проценти.

Актуелните податоци говорат дека невработеноста во Србија изнесува 16,8 проценти, а во Хрватска 15,5 проценти. Но, во Хрватска на ниво на 2015 година како стапка на регистрираната невработеност се наведува податокот 17,2 проценти. Иако во БиХ е регистриран симболичен напредок, односно намалување на бројот на невработени за 1183 лица според извештајот во вториот квартал во однос на првиот квартал оваа година, бројот на лица кои бараат работа и понатака е многу висок и изнесува 539,703 лица.

Истовремено, статистичките податоци велат дека и кај нас во вториот квартал од оваа година бројот на регистрирани невработени лица изнесува 256,596. Овој број во Црна Гора, според последните податоци, е искачен на 48,600 и е зголемен за 3,8 проценти во однос на претходниот период.

Имено, иако во Црна Гора дошло до зголемување на бројот на вработени лица за 7,2 проценти, тој резултат не е толку видлив поради тоа што пораснал и бројот на невработени.

Најниска стапка на невработеност во ЕУ има Германија со 4,8 проценти, а најголема Грција со 24,8 проценти, додека просекот на невработеност во ЕУ изнесува 9,6 проценти. Па така, Словенија како членка на ЕУ се наоѓа под оваа граница, а Хрватска над европскиот просек за стапката за невработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП