3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи ослабеа, еврото над 1,09 долари

Азиските берзи ослабеа, еврото над 1,09 долари

Japan World Markets

На азиските берзи цените на акциите денес продолжија со надолниот тренд втор ден по ред, бидејќи поради ниските цени на нафтата и новите сигнали за забавувањето на растот на кинеската економија, вложувачите не се наклонети кон поризични инвестирања.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во минус околу 1 отсто, додека цените на акциите на берзите во Сингапур, Хонгконг и Австралија паднаа меѓу 0,2 и 0,5 отсто. Берзанските индекси во Јужна Кореја и во Шангај, пак, зајакнаа за благи 0,2 проценти. Така, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските во средата претпладне беше во минус од 0,2 отсто, лизнувајќи се на новото најниско ниво во последните три седмици.

На азиските берзи се тргува претпазливо, бидејќи во вторникот на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред. А тоа е последица на натамошниот пад на цената на нафтата, бидејќи најголемите светски производители имаат намера да го задржат високото ниво на производство и покрај ниските цени и слабата побарувачка.

„Пaдот нa цените е последица од можното зголемува на производството на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), а Иран наскоро, по укинувањето на сaнкциите, би можел да се врати на пазарите. Од друга страна, побарувачката не изгледа силна поради ризикот од слабеењето на економијата“, вели за Reuters Шуџи Широта, стратег во компaнијата „HSBC Securities“.

Сепак, во средата претпладнето цените на нафтата малку закрепнаа, па на лондонскиот пазар пораснаа за 1,2 отсто, на 40 ,70 долари за барел. Меѓутоа, не се очекува значителен раст на цената на нафтата, како ниту на другите сировини, бедејќи забавува растот на кинеската економија, најголемиот светски потрошувач на сировини.

На тоа укажува и денес наутро објавените податоци за падот на производствените цени, што е уште еден сигнал дека мерките на кинеските власти сé уште не довеле до пресврт во трендовите. Потрошувачките цени, пак, во ноември благо пораснале. Сепак, во претпладневното тргување цените на акциите во Шангај благо пораснаа, бидејќи вложувачите се надеваат на новите поттикнувачки мерки од властите во Пекинг.

На пазарите владее внимателност и поради тоа што веќе следната седмица се очекува првото зголемување на каматите од страна на американската централна банка Federal Reserve (Fed) уште од 2006 година. Иако банката веќе подолго време го најавува зголемувањето на каматните стапки, сепак, инвеститорите се загрижени. Меѓу другото, и бидејќи зголемувањето на цената на парите би можело негативно да влијае на некои од презадолжените земји во развој.

А на валутните пазари еврото и натаму закрепнува, благодарејќи на поблагите отколку што се очекуваше поттикнувачки мерки од Европската централна банка (ECB). Пред минатонеделните одлуки на ECB, курсот на еврото беше под 1,0600 долари, додека од крајот на минатата седмица стабилно се одржува над 1,0800 долари.

Во средата претпладнето, пак, достигна 1,0905 долари, додека во вторникот во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0855 долари.

Американската валута ослаби и кон јапонската, па цената на доларот се лизна од вчерашните 123,10, на 122,75 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП