2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb го заврши новиот круг на финансирање во вредност од 1,5 милијарди...

Airbnb го заврши новиот круг на финансирање во вредност од 1,5 милијарди долари

airbnb 0339

Компанијата „Airbnb“ го заврши новиот круг на финансирање во вредност од 1,5 милијарди долари, според официјалните документи на Комисијата за хартии од вредност и берзите во САД.

Веќе во јуни „Wall Street Journal“ објави дека компанијата започна да собира средства, а предметниот круг може да ја процени на 25 милијарди долари, пишува „Re/code“.

Прибирање на средства ја прави „Airbnb“ третата највисоко оценета приватна технолошка компанија во светот по „Uber“ (62,5 милијарди долари) и кинескиот производител на смартфони „Xioami“ (45 милијарди долари).

Се тврди дека меѓу клучните инвеститори во новиот круг се „General Atlantic“, „Hillhouse Capital Group“ и „Tiger Global Management“, кои заедно држат една третина од продадените акции на „Airbnb“.

Компанијата бара огромни суми и ја одлага примарната јавна понуда, бидејќи сака да инвестира средствата во пазарите во развој во целиот свет, особено во Кина. Компанијата е зафатена со решавање на споровите со властите во некои од заситените пазари, како Сан Франциско и Њујорк.

За време на „Code Conference“, претходно во оваа година, извршниот директор на „Airbnb“ Брајан Чески изјави дека ИПО-то на компанијата ќе се случи за неколку години.

Од „Airbnb“ одбиваат да го коментираат прашањето за финансирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП