4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Запрен економскиот пад, следи раст

Медведев: Запрен економскиот пад, следи раст

medvedev19999888888777777777777777777777777777777

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави денес дека падот на руската економија и индустриското производство е запрен и дека следната година ќе биде остварен економски раст.

„Имавме цел да го запреме падот на производството и економијата. Можам да кажам дека опаѓањето на економијата и падот на производството се запрени. Веруваме дека следната година ќе имаме раст“, изјави Медведев во редовното годишно обраќање кон новинарите.

Медведев изјави дека се покажала ефективноста од владиниот план против кризата, пренесува Тас.

„Ситуацијата нависитна не е лесна, но, дозволете да ве потсетам, не ни беше лесно ниту во последните неколку години. Би рекол дека се покажа дека антикризниот план е ефикасен“, изјави рускиот премиер.

Тој додаде дека преземените мерки им овозможиле на граѓаните да го пребродат најтешкиот период од оваа година.

Медведев напомена дека федералните резерви можат да помогнат во тешките времиња, но дека тие се ограничени.

Рускиот премиер изјави дека Москва има план Б и план Ц доколку ситуацијата на светскиот пазар со нафта стане неповолна.

„Во моментов постапуваме според реалното сценарио. Но, би биле лоши раководители ако немаме план Б или дури и план Ц, ако тоа биде потребно во одредена ситуација“, изјави Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП