20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинската влада ќе бара од азилантите да работат бесплатно

Финската влада ќе бара од азилантите да работат бесплатно

17415973

Финската влада ќе бара од лицата што барат азил да работат бесплатно и да учат за финската култура и општеството, објави владата во вторник покренувајќи мерки за јакнење на имигрантската политика.

Редовно ќе се проценуваат условите во земјите од кои стигнале барателите на азил, двапати годишно, а доколку биде потребно, ќе се откажуваат и дозволите за престој. Властите повеќе нема да одобруваат азил на лицата од јужен и источен Авганистан, одлучено е по проценката на ситуацијата во таа земја.

Оваа година во Финска пристигнале околу 32.000 баратели на азил. Владата уште соопшти дека ќе го забрза враќањето на азилантите во матичните земји кои ги исполнуваат критериумите. Се проценува дека околу две третини од барањата ќе бидат одбиени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП