29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој земјоделец ќе има свој советник

Секој земјоделец ќе има свој советник

sovetnik-zemjodelie

Модернизација и реформи во системот на давање советодавни услуги на земјоделците, најави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

– Секој земјоделец да има свој советник. Тоа е нашата цел и ако сакаме да имаме добар квалитет, поголем прионос како држава, тоа мора да го направиме, изјави Коњановски по денешното годишно Собрание на федерацијата на фармери на Република Македонија.

Идејата, појасни, е да се вклучат што е можно поголем број советници кои ќе бидат задолжени да даваат советодавни услуги за добри земјоделски пракси на земјоделците. Советодавните услуги, покрај Агенцијата ќе може да ги даваат и други лица. Ќе се изготвува закон за давање советодавни услуги, а планот на ресорното Министерство тоа да биде ефективно веќе од следната година.

– Во Македонија има повеќе од 700 агрономи и земјоделски  инженери кои завршиле на македонските универзитети, а некои и во странсто, а кои  се кадар кој мора да го вклучиме во давањето советодавни  услуги кон земјоделците. Во тој правец размислуваме покрај државната агенција да вклучиме и голем број луѓе кои дополнително би ги обучиле во нашите универзитети, за да бидат  подготвени во секој момент да дааваат вистински правилни информации на нашите земјоделци, појасни Коњановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП