18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата листа на должници за радиодифузна такса

УЈП ја објави најновата листа на должници за радиодифузна такса

ujp

Регионална дирекција Скопје ги повикува обврзници кои должат радиодифузна такса наведени во Листата, најдоцна до 16 декември 2015 година да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП – Регионална дирекција Скопје на ул.11 Октомври бр. 27, секој работен ден од 08:30 до 18:00 часот и сабота од 08:30 до 14:00 часот.

„Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ објавена на веб страницата на УЈП содржи податоци за: 1) Име и презиме на обврзник на радиодифузна такса; 2) Последна адреса на обврзник на радиодифузна такса; 4) Број на решение; 5) Датум на решение.

Доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената до изготвување на Решението за присилна наплата, потребно е да приложи докази при приемот на Решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата.

Доколку должникот – обврзник на радиодифузна такса наведен во „Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса “ не се јави и не изврши прием на Решението во наведениот рок, УЈП – Регионална дирекција Скопје ќе изврши и еднократна објава во „Службен весник на РМ“.

По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса.

Списокот на должници можете да го видите тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП