11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖените работат повеќе од мажите

Жените работат повеќе од мажите

zeni-mazi

Мажите секој ден имаат половина час повеќе слободно време од жените, потврдува студијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) има направено истражување во нејзините земји членки (30 економски развиени земји) и дојде до заклучок дека мажите имаат повеќе време да гледаат телевизија, за дружење, спорт и хоби, а жените дека многу повеќе работат.

– Владите и компаниите треба да промовираат родова еднаквост, се вели во извештајот, и се апелира за вложување напори жените да се рамноправни со мажите.

Меѓутоа, ако се земат предвид претходните извештаи на организацијата, заклучоците ќе бидат нешто различно.

Во претходните извештаи, активностите како што се купување, убавина или повеќе паузи за ручек, беа сметани како “работа”, а не како “слободно време”.

Доколку овие активности се сметаат за одмор и уживање, во тој случај еден Британец, на пример, ќе има само 10 минути повеќе слободно време од жената.

Ваквите “ефективни” податоци кои велат дека просечниот Британец има дневно 32 минути повеќе слободно време од британка, французите 33 минути, германците 22, Италијаните дури и 80 минути повеќе од италијанките.

Организацијата тврди и за тоа дека е важно мажите и жените да избираат како да го поминуваат слободното време и дека жените понекогаш самите избираат работа, особено кога станува збор за грижа на нивните деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП