12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаглата ја намалува видливоста

Маглата ја намалува видливоста

magla2

Сообраќајот на патиштата низ се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци во Пелагониската котлина, Дебар и М.Брод, на патните правци Штип – Велес – Скопје од 50 – 60 метри, Штип – Радовиш и Штип – Неготино од 50 – 100 метри, Штип – Св.Николе – Куманово од 30 – 50 метри, Радовиш – Струмица од 30 – 50 метри, Тетово – Гостивар до 100 метри, М.Каменица – Кочани – Штип од 50 – 100 метри и Скопје – Велес до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП