8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК и ЕИБ со 82 млн. евра ќе ја модернизира косовската железница

ЕК и ЕИБ со 82 млн. евра ќе ја модернизира косовската железница

zeleznica-kosovo

За почеток на модернизацијата на 148 километри долгата железница во Косово Европската инвестициска банка и Европската комисија, издвоија 82 милиони евра, за да се поврзе со европската мрежа.

Од тие пари 42 милиони се заем за модернизација на Коридорот 10, што Косово го поврзува со Македонија и со Грција, за што договор потпишаа заменикот директор на ЕИБ, Ромуалдо Бернучи и министерот за финансии на Косово, Авдула Хоти, во присуство на специјалниот претставник на ЕУ во Косово, Семуел Жбогар.

Во исто време, ЕУ ќе го поддржи проектот со 40 милиони евра грант за подготовка и имплементација на проектот, а парите се наменети за подоцнежните фази.

„Ова е прв заем од ЕИБ за јавниот сектор во Косово“, рече Бернучи. „Заемот придонесува кон посветеноста на банката за поддршка на климатски акции, а како резултат на тоа се очекува редукција на штетни гасови“.

„Низ овој проект, Косово има бенефит од значаен инвестициски грант од ЕУ, како дел од агендата на ЕУ за поврзување на Западен Балкан и нејзината определеност за европска перспектива на регионот во рамки на Берлинскиот процес“, рече Жбогар.

„Рехабилитацијата на железничката мрежа ќе донесе директен бенефит за луѓето од Косово. Со ова значително ќе биде подобрен транспортот на патници и товар со редукција на CO2 емисии. Маните кои како грант ги доби од ЕУ се очекува да донесат двојно повеќе профит во економијата на долг рог“.

Модернизацијата на железницата е дел од инвестицискиот пакет одобрен на Самитот на Западен Балкан кој се одржа во август 2015 година, во пошироката агенда на ЕУ за промоција на поврзаноста на регионот во Европа.

Проектот ќе ги вклучи мрежите на Косово во Оринет/Источно-медитеренаскиот коридор, кој го поврзува Западен Балкан со Австрија, Грција и Бугарија, како дел од коридорот на Транс-Европа транспортната мрежа (TEN-T).

Коридорот 10 е долг 250 километри, од кои 148 километри се во Косово, а другото е во Македонија и во Србија.
Модернизацијата се очекува да почне кон крајот на 2016 година и да заврши во 2020 година.

До сега Косово за оваа намена доби 122 милиони евра, затоа што покрај грантот од ЕУ од 40 милиони и заемот од ЕИБ од 42 милиони, има добиено и 40 милиони евра од Европската банка за обнова и развој во септември 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП