Британската студија, во која биле вклучени 2.000 вработени, покажала дека во текот на работниот век во просек менуваме шест работни места. Секој работник добива околу 12 покачувања на платата, и вкупно 125 денови користи за боледување.

Просечните вработени до пензионирањето ќе ја доживеат 875 кавги со колегите, и ќе задоцнат на работа 154 пати.
Што се однесува до Британците, секој човек во текот на животот оди на десет интервјуа за работа, иако бројот е веројатно повисок во Македонија.
Во канцеларијата, ќе испиеме 32.396 чаши кафе или чај, а на шефот ќе се жалиме само 14 пати годишно.
Поради економската криза, секој работник во 40 години, барем еднаш ќе помине низ период на невработеност, а еднаш сигурно лекарот ќе му каже дека мора да земе слободни денови, бидејќи е под стрес.
Како што објави “Дејли мејл”, резултатите се разликуваат во однос на професијата. Така што инженерите се најсклони кон покачување на платата, а спортистите и културните работници кон боледувањата и романсите со колегите.
– Една третина од испитаниците изјавиле дека чувствуваат потреба да бараат друга работа, за да се справат со трошоците – изјави Поли Кенан од компанијата “Benenden Health”, која го спроведе истражувањето.