26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи во пад, еврото стабилно над 1,08 долари

Азиските берзи во пад, еврото стабилно над 1,08 долари

berza azija093

Денеска на азиските берзи цените на акциите паднаа на најниското ниво во последните три седмици, бидејќи падот на цените на нафтата го притисна енергетскиот сектор, а вложувачите се претпазливи поради забавувањето на растот на кинеската економија и веројатното зголемување на каматите во САД.

На токиската берза индексот Nikkiei во претпладнето беше во минус околу 1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Шангај, Сингапур и Хонгконг паднаа меѓу 0.6 и 1,6 отсто. Поради тоа, индексот MSCI на азиско-опацифичките акции без јапонските, беше во минус 1,2 проценти, па ги загуби сите добивки од почетокот на декември и се лизна на најниското ниво во последните три месеца.

На самиот почетокот од вторничното тргување на берзата во Токио цените на акциите пораснаа, бидејќи втората процена покажа дека јапонската економија ја избегнала рецесијата, имајќи предвид дека во третиот годинешен квартал пораснала за 1 отсто на годишно ниво, а не паднало за 0,8 отсто, како што покажуваше прелиминарната процена. Меѓутоа, многу набрзо индексот Nikkei се лизна во негативната област, бидејќи вложувачите се загрижени поради забавувањето на растот на кинеската економија, еден од најголемите извозни пазари за јапонските компании.

Анкетата на Reuters покажува дека јапонските претприемачи се многу песимисти во врска со изгледите на растот на Кина, па 79 отсто од нив велат дека немаат намера во следните три години да го прошируваат работењето на кинескиот пазар.

А дека кинеската економија и натаму забавува, покажуваат податоците објавени во вторникот утрото, дека во ноември увозот на оваа земја паднал веќе 13-ти месец со ред, за 8,7 отсто во однос на ноември минатата 2014 година.

Инвеститорите ги загрижува и остриот пад на цените на нафтата, бидејќи на минатонеделниот состанок, членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) не се договорија за намалување на призводството, и покрај ниските цени и слабата побарувачка. Во понеделникот цената на нафтата потона за 5,4 отсто, на 40,65 долари по барел, најниската цена од рецесиската 2009 година. И на американскиот пазар цената на барел во речиси седум години, на 37,50 долари.

Инвеститорите се претпазливи и поради тоа што идната седмица се очекува првото зголемување на каматните стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) од 2006 година. Иако банката веќе подолго време најавува зголемување на каматите, вложувачите, сепак, се загрижени. Уште повеќе, што не е познато со кое темпо Fed ќе ја зголемува цената на парите. Многу аналитичари очекуваат дека, по декември, банката каматите ќе ги зголеми уште еднаш до март идната година.

„Покрај веројатното зголемување на каматите во САД во декември, инвеститорите ги загрижува слабоста на кинеската побарувачка, што претставува јамка околу вратот за ризичните капитали, па многу вложувачи ќе бидат воздржани додека не стане појасно што Fed натаму планира во врска со каматите“, смета Клиф Тан, аналитичар во „Bank of Tokyo-Mitsubishi UFJ“.

А на валутните пазари еврото се одржува на високите нивоа, откако минатиот четврток скокна за 3 отсто бидејќи Европската централна банка (ECB) не ја ублажи монетарната политика толку агресивно колку што се очекуваше.

Така, во вторникот курсот на еврото се движи околу 1,0855 долари, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 1,0860 долари. Во однос на јапонската валута, пак, доларот благо ослабе, па неговата цена претпладнево се лизна од вчерашните 123.30 на 123,10 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП