18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно возење поради магла на патиштата

Внимателно возење поради магла на патиштата

magla2

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози, а магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Кочани, Прилеп и Ресен, се вели во извештајот на АМСМ до 12 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

И во наредните два дена по котлините и речните долини ќе се задржи магливост, со ниска облачност и релативно студено време. Во среда кон крајот на денот и во четврток ќе дува умерен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините, но и пад на температурите во останатите места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП