17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит под притисок на остриот пад на нафтата

Волстрит под притисок на остриот пад на нафтата

berza1

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа, а под најголем притисок беше енергетскиот сектор, бидејќи цените на нафтата потонаа на најниското ниво во последните речиси седум години.

Најмногу Dow Jones ослабе за 0,66 отсто, на 17.730 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,70 проценти, на 2.077 поени, додека Nasdaq индексот падна за 0,79 отсто, на 5.101 индексни поени.

Најмногу во понеделникот, за 3,7 отсто, потона S&P индексот на енергетскиот сектот, што е неговиот најголем пад од крајот на август. Притоа цените на акциите на нафтените гиганти „Exxon“ и „Chevron“ се лизнаа за повеќе од 3 отсто.

Тоа е последица од остриот пад на цените на нафтата, на минатонеделниот состанок на земјите членки на Организацијата на земјите производители на нафта (OPEC) не се договорија за намалување на производство, и покрај ниските цени и слабата побарувачка на пазарите.

Во понеделникот цената на нафтата потона за 5,4 отсто, на 40,65 долари по барел, најниската цена од рецесиската 2009 година. И на американскиот пазар цената на барел во речиси седум години, на 37,50 долари.

„Цената на нафтата падна на смешни ниски нивоа и верувам дека на нив ќе останат уште долго време“, вели за Reuters Стивен Масока, директор во компанијата „Wedbush Equity Management“. Додава дека сепак, охрабрува ублажувањето на загубите пред крајот на вчерашниот трговски ден, по острото пад цените на акциите на почетокот.

Во еден момент S&P на енергетскиот сектор беше во минус и околу 5 отсто. Остро и во понеделникот, за 1,8 проценти, паднаа и цените на акциите во рударскиот сектор, бидејќи вложувачите ги загрижува забавувањето на кинеската економија, најголемиот светски потрошувач на сировини.

Од друга страна, пак, силно, и тоа за повеќе од 4 отсто, пораснаа цените на акциите на воздухопловните компании „JetBlue Airways“ и „Delta Airlines“, бидејќи пониски цени на горивата им ги намалуваат трошоците на работењето.

Инвеститорите се претпазливи и за поради тоа што кон половината на декември се очекува првото зголемување на каматните стапки по 2006 година од страна на американската централна банка Federal Reserve (Fed). Иако, американската економија бележи стабилен раст, што во петокот го потврдија и податоците за силниот раст на вработувањето во ноември, инвеститорите сепак се загрижени.

„Сите знаат дека Fed ќе ги зголеми каматите, но очекувањата често се полоши од казната“, заклучува Мет Лојд, стратег во компанијата „Advisors Asset Management’.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП