2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 1-ви јануари стапува на сила трговскиот пакт меѓу ЕУ и Украина

На 1-ви јануари стапува на сила трговскиот пакт меѓу ЕУ и Украина

eu-ukrajina

Официјалните лица на Европската Унија и Украина потврдија дека од наредниот месец, како што беше планирано, ќе стапи на сила новиот договор за слободна трговија, и покрај заканите на Москва дека ќе преземе трговски контрамерки ако не се решат нејзините барања.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук вчера изјави дека споменатиот договор „ќе стапи на сила од 1. јануари, и дека овој договор е во интерес на Европската унија и Украина“, пренесува агенцијата АП.

Русија направи листа со измени кои сака да бидат внесени во договорот меѓу Брисел и Киев, со цел да ги ублажи стравувањата дека тој договор ќе и попречи на руско-украинската трговија. Од ЕУ тврдат дека со договорот само ќе се унапреди трговијата меѓу Москва и Киев.

Слободнотрговскиот договор е дел од широкиот договор меѓу ЕУ и Украина за блиските односи. Тој документ ја иницираше украинската политичка криза во ноември 2013 година, кога поранешниот претседател Виктор Јануковиќ го отфрли, што ги потпали повеќемесечните протести кои на крајот го срушија од власта, наведува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП