3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската лира паѓа, странските инвеститори бегаат

Турската лира паѓа, странските инвеститори бегаат

18279560265665c3e42bb0c525468837_w640

Турската лира се соочува со најголемиот пад од 2008 година и се приближува на рекордниот минимум во однос на доларот, во време кога странските инвеститори на големо бегаат од Турција.

Странските инвеститори од Турција оваа година повлекле средства вредни 7,6 милијарди долари, вклучувајќи и 1,4 милијарди во месец ноември, месец во кој партијата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ЈДП успеа да го освои мнозинството гласови на парламентарните избори, пишува американската агенција Блумберг.

Првичната пазарна реакција на резултатите од изборите беше позитивна, но по ескалацијата на тензијата меѓу Анкара и Москва, поради рускиот воен авион, кој Турција го собори во Сирија, довербата на инвеститорите е нарушена.

Русија на соборувањето на нејзиниот авион одговори со мерки кои ја удираат турската економија таму каде што најмногу ја боли, во туристичката индустрија и извозот во Русија, наведува Блумберг.

Големиот надворешен долг ја прави Турција осетлива на промената на расположението на инвеститорите, особено во светло на очекувањата дека САД ќе ги зголемат каматните стапки, што влијае на курсот на лирата и на турските државни обврзници, наведува економистот од лондонската компанија Капитал Економикс, Вилијам Џексон.

Стратегот на компанијата СЕБ од Стокхолм, Пер Хамарлунд, предвидува дека лирата ќе продолжи да паѓа, а дека само во декември ќе ослаби за 3,7 проценти во однос на доларот, на три лири за еден долар.

Џексон верува дека лирата до крајот на 2016 година, ќе падне за дури 11 проценти, па за еден долар ќе се добиваат 3,25 лири.

Турската лира во септември ослаби на рекордниот минимум од 3,0752 лири за долар, а потоа до 20 ноември зајакна за осум проценти. Поради минатонеделното нагло слабеење, сепак, нејзиниот пад од почетокот на годината изнесува близу 20 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП